
За пратеник од редовите на ДПМ беше избран на изборите во 1994 година, а беше и кандидат за градоначалник на Тетово во неколку наврати.
Стојановски беше познат како долгогодишен директор на Средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Бил и директор на енергетското одржување на некогашниот текстилен гигант „Тетекс“.
Откако се пензионираше Стојановски го основа Тетовскиот фолк фестивал што се одржуваше во манастирскиот комплекс во селото Лешок.






