понеделник, 22 декември 2025

По виндјакните, МВР набави нови панталони и здолништа за полицијата

Објавено на

часот

Сподели

„Испорачаните парчиња вклучуваат по 6452 машки зимски и летни панталони, по 758 женски зимски и летни панталони и по 790 зимски и летни здолништа, а согласно динамиката на испорака очекуваме пристигнување на високи специјални чизми и ремени со кои ќе се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година“, информираат од МВР и додаваат дека откако министер е Оливер Спасовски во унирформи биле инвестирани околу 10 милиони евра.

Според министерството, сите организациони единици на полицијата добиле нови униформи, специјалните единици повеќе комплети нова униформа.

„Униформи се набавени и за останатите полициски службеници, а само за шест месеци во претходната 2021 година, од месец јули до месец декември, обезбедивме 10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата, 2330 парчиња флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни одела за кујни, 34 парчиња воздухопловни јакни, 19 парчиња воздухопловни комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони, како дел од униформа за воздухопловен персонал, по 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 парчиња “поло” маици, 10.000 рала полувисоки чевли“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ