понеделник, 22 декември 2025

Петровска: Земјава нема одлука и нема да има одлука за испраќање војници во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Земјава ќе испрати помош во воена опрема, рече министерката додавајќи дека ваквите информации се класифицирани и дека не може да се кажуваат детали.

„Како членка на НАТО земјава ги почитува и спроведува сите одлуки кои се носат во Алијансата во чие донесување и самата учествува. Се приклучивме кон санкциите кои беа изречени од страна на ЕУ, а кои ги поддржаа и други земји кои не се членки. Воената помош е одобрена согласно побарувањето од страна на украинските власти, a заради транспарентност дадовме куса инфорамција дека донесовме одлука за воена помош на Украина согласно капацитетите со кои располагаме”, рече Петровска во изјава за медиумите на настан со кој се  одбележа Денот на баталјонот на специјалните сили на Армијата.

Министерката рече дека донацијата нема да влијае на капацитетот на македонската војска и додаде дека засега нема најава за пристигнување на бегалци. Петровска рече во функција би можеле да се стават досегашните капацитети за бегалци или капацитетите кои беа наменети во еден период од пандемиската криза.

Во обраќањето пред војниците министерката рече дека со формирањето на Специјалните сили се означи и почеток на професионализација на Армијата која денес е целосно спроведена и секогаш подготвена да биде гаранција на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава.

„Баталјонот за специјални сили, како што денес е именуван со последната трансформација, познат како „Волци”, е единицата во која сите припадници независно дали е војник или старешина поминуваат низ еден процес на селекција кој вклучува специфични критериуми и каде се бара највисок степен на психофизичка подготвеност“, рече Петгровска и додаде дека тоа е првата единица која по членството на НАТО успешно го заврши процесот на оценување на борбаената готовност и со тоа станавте првата единица која ги исполни строгите стандарди на НАТО во оценувањето на обученоста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ