Во селото Кравари жителите истакнаа повеќе пораки по повод денешната посета на Петков: „Гоце е Македонија“, „Крвави ви се рацете“, „Кога ќе признаете дека има Македонци во Бугарија?“, „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“…
Бугарскиот премиер денеска придружуван од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева, ќе присуствуваат на отворањето на клубот.
Протест најавија и од Сојузот на борците кои се против отворање на клуб со име на фашистот Ванчо Михајлов.






