среда, 18 март 2026

Петков: Влезот на Бугарите во македонскиот Устав да биде заеднички предлог во ЕК според Копенхагеншките критериуми

Објавено на

часот

Сподели

Предлогот до Европската Комисија може да биде заеднички, на двете влади, и да се потпира на европски принципи, односно на Копенхагеншките критериуми, врз принципот на правна заштита на малцинствата, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во однос на тоа како да се ефектуираат македонско-бугарските преговори.

Сега прашањето е многу поинакво. Прашањето не е едната држава да притиска, а другата да вели не. Прво, планираме да одиме во Европската Комисија со заеднички предлог, што е многу различно. Второ, го потпираме на Копенхагеншките критериуми, врз принципот на правна заштита на луѓето од наше потекло. Со други зборови, не ставаме конкретно билатерално прашање, туку вклучуваме принципи што се во рамките на земјите-членки. Мислам дека ако Брисел на овој проблем гледа како можност да се забрза преговарачкиот процес, тоа може да биде искористено подоцна како патоказ и за други држави членки на Балканот што ќе бидат поканети“, изјави Петков за Еурактив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ