вторник, 23 декември 2025

Петков со порака на Фејсбук: Јас и Димитар нема да подлегнеме на провокации

Објавено на

часот

Сподели

„Замислете си ги граѓаните на Република Бугарија и на Република Северна Македонија да се радуваат на взаемна почит, почитување на нивните права и просперитет. Двете држави активно да го промовираат развојот на заеднички компании, кои заедно ќе создаваат голема додадена вредност, да имаат растечки економии, заеднички детски кампови, заеднички концерти, да имаме заеднички образовни програми, да нема граница меѓу нашите две земји, да нема дискриминација, да нема говор на омраза, да градиме автопати и да имаме модерни железнички линии“, вели Петков.

Како што пишува во објавата, за многумина овие зборови звучат како сон, други организираат секакви провокации за тоа да не се случи, а трети едноставно не сакаат стабилност на Балканот.

„Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме упорно и заедно да го постигнеме тоа. А на сите злонамерни страни можам само да им порачам ‘нема да не спречите!‘“, порачува Петков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ