
„За искинатите ленти на венците на гробот на Гоце Делчев го информирав Петков дека МВР вршивистражни работи, а за искршеното стакло во клубот во Битола му реков дека не е политички инцидент туку инцидент мотивиран од приватни причини“, изјави Ковачевски по посетата на компанијата „Текстил Солушн”.
На прашањето за најновиот развој на преговорите со Бугарија, Ковачевски рече дека останува на Министерството за надворешни работи да ги продолжи преговорите.
„Претставници од македонското Министерство за надворешни работи на 10 и 11 февруари ќе имаат разговори со бугарското МНР за отворените прашања и сите преговори се врз основа на почитување на европските вредности. Министерот за надворшени работи по овие средби, како што беше и претходно, ќе соопшти за што се разговарало на тие средби“, додаде Ковачевски.






