понеделник, 22 декември 2025

Пендаровски и Ковачевски искажаа поддршка за Украина

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Пендаровски изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

„Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат. Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата“, напиша Пендаровски.

Премиерот Ковачевски ја осуди одлуката на Руската Федерација да признае независност на украински региони.

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „народни републики”. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015“, напиша Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ