Во честитката Пендаровски понатаму вели:
Пред нас претстои помалку од една деценија за спроведување на новата Стратегија за инклузија на Ромите во која наша заедничка задача е да создадеме инклузивно општество преку остварување на конкретни резултати во областа на образованието, вработувањето, домувањето, здравството, културата, борбата против дискриминацијата и намалувањето на сиромаштијата. Во овие кризни периоди од здравствен и економски аспект потребно е сите засегнати страни соодветно да ги искористиме капацитетите, ресурсите и надлежностите за да ги надминеме диспропорционалните разлики и децениските проблеми, како предуслов за просперитетна и сигурна иднина.
Од исклучителна важност е учеството на ромската заедница како и сите останати заедници, во општествениот, политичкиот и културниот живот на државата. Да продолжиме заеднички да градиме соживот во духот на взаемната почит, солидарноста и пријателството.
Нека ни е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!
Bahtalo о 8. April sa e Romenge!






