понеделник, 22 декември 2025

Пендаровски е горд што во земјава има млади кои не запираат со формално образование, туку продолжуваат да учат

Објавено на

часот

Сподели

Тој потсети и на една од главните цели поради која е иницирана „Рамката за развој МКД 2030“, што неодамна е промовирана, а тоа е да се излезе во пресрет токму на потребите на младите, со крајна цел да се намали одливот на стручни кадри од земјата.

„Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“ оваа година ја продолжуваме со проширен состав на учесници, што сведочи дека сме успеале да го поттикнеме вашиот интерес, но и дека минатогодишните учесници покажале квалитет, рече Пендаровски, додавајќи дека само заедница на граѓани со отворени умови има перспектива за развој и напредок. 

Колку повеќе учиме, рече тој, толку повеќе и даваме шанса на нашата креативност и доаѓаме до нови идеи и до иновации кои не движат напред.

„Мора да бидеме подготвени да изнаоѓаме функционални решенија и политики во глобалниот амбиент кој постојано се менува“, нагласи Пендаровски.

Програмата „Млади менаџери и деловни лидери“ се реализира преку соработка меѓу Кабинетот на Претседателот и Советот на странски инвеститори. Во неа учествуваат триесет и двајца млади лица и осумнаесет компании кои ги ставија на располагање своите капацитети за младите да имаат можност да стекнат нови, практични знаења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ