Османи во гостување на телевиија К5 рече дека ДУИ сите овие 20 години колку што практично е во власта, на тие позиции доаѓа преку победа на парламентарните избори во албанскиот политички кампус. Тој оцени дека ДУИ со својата конструктивност е како стабилизатор во општеството.
„Ова е нова генерација на луѓе кои знаат како да работат и даваат впечаток дека ДУИ е секаде, дека ДУИ доминира, а бројчано колку што имавме во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, толку имаме и во оваа Влада. Прашање за голема моќ на ДУИ е само прашање на впечаток. ДУИ е конструктивна политичка партија“, рече Османи.
Тој нагласи дека се прават последните подготовки на уставните измени и оти неговите очекувања се дека тие брзо ќе бидат доставени до Собранието.
„Се сетира тајмингот да биде соодветен односно да ја помогне дебатата и дискусијата. Мислам дека ќе биде прекршен момент односно важен момент самото поднесување бидејќи очекувам дека тогаш ќе имаме суштинска дебата по однос на содржината на амандманите“, изјави портпаролот на ДУИ.






