Османи се осврнал на заложбите на Македонија за интеграција во Европската Унија.
“Секој неуспех во одржувањето на европската траекторија на Западен Балкан, може да има драматични последици за земјите од регионот и за ЕУ, вклучително и во однос на безбедноста и миграцијата. Нашите земји треба да продолжат да напредуваат во однос на помирувањето и решавањето на билатералните спорови, во европски дух, како и да ги зајакнат фундаменталните реформи, особено во однос на владеењето на правото, врз основа на ревидираната методологија за пристапување”, истакнал Османи.
На настанот биле присутни, претседателите на Словенија и Косово, Борут Пахор и Вјоса Османи, државниот секретар за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас, посебниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан, Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, амбасадорката на САД во НАТО, Џулијан Смит, како и министрите за надворешни работи на Хрватска, Косово и Босна и Херцеговина.






