среда, 18 март 2026

Османи за состојбата со Украина: Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму

Објавено на

часот

Сподели

Како шро информираше Османи, МНР однапред за три месеци ги исплатило платите на вработените, односно за дипломатите во македонската амбасада во Украина како и киријата, поради страв од евентуално крахирање на тамошниот финансиски систем.

„Дадовме однапред плата за три месеци за амбасадорите, за кирија, за да не остане амбасадата без средства доколку банките таму затворат“, рече Османи.

Османи нагласи дека 12 луѓе веќе ја информирале амбасада дека се вратиле во државата, како и дека минатата недела пуштиле апел да се користат се уште присутните комерцијални летови за да може да се вратат во Скопје.

Според Османи, останува отворено прашањето за нашите 30 набљудувачи во рамки на мисијата на ОБСЕ.

„Останува прашањето на 30-те наши набљудувачи во рамките на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, некои земји ги имаат повлечено – САД, Канада, Велика Британија, а Данска и Холандија ги имаат дислоцирано на побезбедна локација. Нашата позиција е малку поспецифична, затоа што ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и се разбира повеќе внимаваме какви пораки ќе дадеме по однос на мониторинг механизмите на ОБСЕ, меѓутоа сме во комуникација со нашите луѓе во мисијата и сум во комуникација со генералниот секретар на ОБСЕ. Се слушнав во петокот со Шмит, а очекувам денеска повтонро да да имаме разговор, како и со Полска и на Шведска“, изјави Османи.

Тој нагласи дека се во координација за формирање на Мисија за утврдување на факти во рамки на тојката претседавачи, а по повикот на украинскиот инистер за надворешни работи.

„Ние сме во координација кој би бил мандатот на таа мисија, на кое ниво би се отишло таму, дали на министерско, дипломатско или воено-експертско ниво. Сите тие координации ги правиме заедно со партнерите во рамки на тројката претседавачи“, изјави Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ