сабота, 13 декември 2025
На самитот во Вилнус

Османи за билатералните односи разговарал со Герапетритис, нов шеф на грчката дипломатија

Објавено на

часот

Сподели

За европската иднина на Македонија и останатите земји од Западниот Балкан, беше потенцирана поддршката и јасните позиции на официјална Атина во таа насока.

„Грција продолжува да биде цврст партнер на нашата земја и регионот во напорите за што поскоро и успешно завршување на пристапниот процес за членство во Европската унија, за што ја пренесов нашата благодарност“, истакнал Османи на средбата. 

Нагласувајќи ја важноста на Договорот од Преспа за севкупната динамика на односите, била нагласена потребата за дополнителен заеднички ангажман за исполнување на договореното од Акцискиот план за интензивирање и збогатување на соработката, како и вложување напори за ратификација на преостанатите потпишани документи меѓу двете држави.

И од грчкото МНР, преку Твитер, соопштија дека Герапетритис и Османи имале „плодна дискусија за зајакнување на билатералните односи, вклучително и целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа и за ЕУ перспективата на Западен Балкан“.

Ова е прва средба на Османи со Герапетритис, кој неодамна ја презеде функцијата шеф на дипломатијата во новата грчка Влада. Двајцата министри минатата недела имаа телефонски разговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ