На маргините на состанокот на Коалицијата за борба против ИСИС во Маракеш, Османи денеска имаше средба со министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан Ив Ле Дриан со кого разговараа за активностите и плановите на француското претседателство со Советот на ЕУ во однос на интеграцијата на државите од Западен Балкан и неопходноста од забрзување на европскиот пат на нашата држава.
Како што соопшти МНР, Османи нагласил дека надворешно-политичките и безбедносните ризици во новата геополитичка реалност го наметнуваат ефектуирањето на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија, доколку Европската Унија сака да го задржи својот кредибилитет, пред сѐ во регионот и да го демонстрира своето геостратешко лидерство.
Двајцата министри разговарале и за актуелната ситуација во Украина и справувањето со безбедносните предизвици во регионот, како последица на руската агресија врз Украина.






