сабота, 20 декември 2025

Османи – Турковиќ: ЕУ и НАТО се неопходни за регионот

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МНР, на средбата, меѓу другото, беше изразено задоволство за високиот степен на пријателски односи меѓу двете држави, досегашната билатерална соработка, како и заложбата за нејзино натамошно надградување со нови содржини и динамика, согласно блискоста на двете земји и граѓани.

На средбата Османи посебно се осврна на евро-атлантската перспектива на регионот на Западен Балкан, пренесувајќи ја безрезервната поддршка за амбициите на Босна и Херцеговина на тој пат.

„Се надевам дека многу скоро, Босна и Херцеговина ќе добие кандидатски статус за членство во Европската унија, за што нашата држава е подготвена да го сподели своето знаење и искуство. Тоа е секако важно за граѓаните на земјата, но воедно преставува и интерес за сите земји од регионот“, нагласи Османи.

Османи посочи дека процесот на европска интеграција, претставува силен поттик за спроведување на потребните реформи, и најдобриот начин земјите од регионот да ги достигнат европските цивилизациски придобивки.

Во современото безбедносно и геополитичко окружување, од клучно значење за стабилноста на регионот е да се обезбеди засилено и кредибилно присуство на Европска Унија и НАТО, што ќе преставува значајна инвестиција во идната безбедносна архитектура на Континентот, оцениле соговорниците.

Во однос на билатералната соработка, се наведува, беа разменети мислења, предлози и сугестии за конкретни проекти, со посебен акцент на интересот и потребата од засилување на трговската размена, каде значаен импулс може да даде организирањето на бизнис форуми меѓу економските партнери од двете држави, како и присутноста на деловните субјекти во едната и другата држава. Еден од предизвиците на економската соработка, се додава, може да биде и заедничкото учество на компаниите на двете земји на трети пазари.

За време на престојот во Сараево, се посочува, Османи беше примен и од претседaвачот на претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ