петок, 19 декември 2025

Османи призна дека Владата не реагирала на фашистичката провокација, оцени ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„Навистина се грозни и манипулативни обидите на Владата и перјаниците на СДС вниманието на јавноста да се дефокусира обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ за некаква поврзаност со промоцијата на Ванчо Михајлов, наместо целокупното внимание да се насочи кон единствената вистина – зошто Владата молчеше за промоцијата на фашизам на Бугарија среде Битола и зошто не побара забрана за делување на здружението кое величи човек со контраверзно минато“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, вистинското прашање како институциите дозволиле формирање на здружение кое го велича ликот на Ванчо Михајлов, надвор од историскиот контекст на неговата улога, погрешно интерпретирајќи ги и глорифицирајќи ги неговите заложби за негирање на македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението заклучува дека премиерот Димитар Ковачевски досега не се огради и не ја осуди промоцијата на фашизмот од страна на бугарскиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ