„На состанокот ќе се дискутира за актуелните безбедносни состојби во Украина по воената руска инвазија во земјата, како и пошироките импликации врз евроатлантската безбедност. Дополнително ќе стане збор за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирањето на безбедноста на сите земјите членки на НАТО, како и поддршката за Украина“, информира Министерството за надворешни работи.
Во соопштението се вели дека министерот Османи ќе го искористи присуството на состанокот во НАТО за да оствари и неколку билатерални средби со министри за надворешни работи на земји членки на Алијансата.






