Втората порака на Османи утрово од НАТО беше дека проширувањето на ЕУ сега станува витално прашање од безбедносна гледна точка со оглед на руските напади на истокот, јавува МИА од Брисел.
„ЕУ треба да го забрза проширувањето кон Истокот“, рече Османи, алудирајќи на блокадата за Северна Македонија и Албанија, во контекст и на барањето за членство на Украина, Молдавија и Грузија.
Оваа криза, како што изјави, покажа дека политиката на проширување е безбедносно прашање.
Запрашан за аспирациите на Украина да стане членка на НАТО, срж на конфликтот со Русија, министерот за надворешни работи истакна дека токму политиката на отворени врати на Алијансата значи стабилизација.
„На Западен Балкан, НАТО членството беше најважната одлука која го стабилизираше, тоа е најважниот фактор во стабилизацијата на регионот“, одговори Османи.
Македонија, преку шефот на дипломатијата утрово изрази восхит и поддршка за храброста и одлучноста на Украина да постигне мирно решение и, како што кажа, Северна Македонија е подготвена да даде поддршка за бегалците од ова воено жариште.
„Украина не е сама“, им порача Османи на Украинците.






