понеделник, 22 декември 2025

Османи не планира средба со рускиот амбасадор, повика на прекин на воените дејства во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Османи на денешаната прес-конференција по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, повика веднаш да прекинат воените активности во Украина и да се седне на маса со цел преку политички дијалог и дипломатски средства да се надмине оваа ситуација, која може да има далекусежни последици, прво како директна деструктивна активност за луѓето во Украина, но и за граѓаните на Русија,а потоа и по целиот континент и целиот свет.

„Ние ја осудивме оваа руска агресија во Украина, сметајќи ја како нарушување на меѓународниот правен поредок, на суверенитетот и територијалниот интегритет на независноста на државата, на правото на независните држави да си одредат сами надворешно – политички приоритети. Вчера се придруживме на санкциите на ЕУ кон Русија, меѓутоа се придруживме и на сите рестриктивни мерки што ЕУ ги воведе од 2014 година кога беше анектиран Крим, со цел да ја одвраќаме Русија од продолжување на овој воен конфликт“, рече Османи, одговарајќо на прашањето какви ќе бидат македонско-руските односи во иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ