Како што соопшти МНР, Османи се осврнал на исклучителната соработка на економски план помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, додека личната заложба на Викерс преку неговиот ангажман и посети кои ги реализира во регионот, ќе бидат движечката сила за понатамошното продлабочување на соработката помеѓу двете земји во насока на унапредување на големи проекти не само во Македонија, туку и во регионот како што е патната и железничкото поврзување, потоа проекти за обновлива енергија, потенцирајќи го значењето на зелената агенда во билатералната соработка го потенцираше интересот за инвестирање во полето на менаџирањето на отпадот и на отпадните води.
Османи, исто така предложил двете страни да усогласат Акционен план за дејствување за 2022 година и понатаму, кој ќе служи како рамка за практично спроведување на сите наведени проекти.
Мартин Викерс, пак, најавил и скорешна посета во своето второ својство како претседател на парламентарната група за пријателство меѓу двете земји во најскоро време при што го истакнал значењето на развојот на парламентарната дипломатија. Исто така, повторил дека влезот на британски „know how“ и компании кои имаaт искуство во енергетиката, инфраструктурата, смарт концептите за развој, железницата и други големи области од витално значење за нас, но и за регионот, е мотивирачка порака која би требало да даде силен импулс на Владите во регионот,да работат токму во изнаоѓање на најдобри решенија за своите идни капацитети.






