понеделник, 22 декември 2025

Османи и поранешните амбасадори во Софија разговараа за дијалогот со Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МНР, Османи ги запознал соговорниците со текот на разговорите, меѓусекторската соработка, рефлектирана преку воспоставените работни групи и континуираните средби на највисоко политичко ниво.

На средбата било нагласено дека надминувањето на отворените разлики претставува стратешки интерес и за двете држави, за што постои цврста волја и посветеност, која може да се огледа во динамиката на дијалогот меѓу двете влади и одржувањето на заедничката владина седница, на крајот на јануари.

Османи изразил интерес за ставовите на поранешните амбасадори, имајќи го предвид нивниот мандат во Софија и доброто познавање на земјата.

„Го ценам вашето искуство и запознаеност со околностите во односите на нашата држава со Република Бугарија и во оваа фаза на разговори, секоја сугестија и размислување е добредојдена и корисна, со цел размена на мислења и креирање на кохезивност за клучните прашања од стратешки интерес за Северна Македонија“, изјавил Османи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ