петок, 19 декември 2025

Османи-Ескобар: Што поскоро надминување на разликите меѓу Македонија и Бугарија и почеток на преговори

Објавено на

часот

Сподели

Во фокус на разговорот беа темите поврзани со билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, и потребата од што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји, и со тоа кревање на рампата за отворање на пристапните преговори со Европската унија.

“Во контекст на актуелните безбедносни предизвици, процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносна политика и оттука постигнувањето напредок во евроинтегративните процеси на Северна Македонија е најсигурна инвестиција во стабилноста во земјава и регионот.” посочи Османи, упатувајќи притоа благодарност за континуираната поддршка од САД за стратешките цели на Северна Македонија, како и целокупниот придонес за стабилноста и демократскиот развој на Западен Балкан.

Во рамките на разговорот, Османи ја нагласи потребата за зајакнато американско присуство во нашиот регион како силна гаранција за регионалната и европската безбедност. Соговорниците ги поздравија билатералните односи и традиционалното партнерство меѓу Македонија и САД и ги разгледаа можностите за понатамошно унапредување на стратешкото партнерство и зајакнување на соработката меѓу двете земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ