понеделник, 22 декември 2025

Османи до Ескобар: Потребно е зајакнато американско присуство во регионот како гаранција за безбедноста

Објавено на

часот

Сподели

Османи, како што соопшти Министерството за надворешни работи, ја реафирмирал државната позиција за остра осуда на воената интервенција, упатувајќи притоа и повик за прекин на воените дејствија и повлекување на руските воени сили.

„Османи, ја реафирмираше поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а беше поздравена и воената и хуманитарната помош што земјава ја обезбедуваат како израз на солидарност и поддршка за украинскиот народ.

Во разговорот, беше поздравена светската осуда на воената инвазија, при што беше забележано дека недостасува соодветна реакција од страна на НР Кина со јасна осуда за руската агресија. Во таа смисла, беше истакната потребата од заеднички глобален повик до Русија за прекин на воените активности што претставуваат закана за европската и целокупната меѓународна безбедност“, се наведува во соопштението.

Исто така, Османи се заблагодарил на американската страна за континуираната поддршка за стратешките цели на Северна Македонија, како и целокупниот придонес за стабилноста и демократскиот развој на Западен Балкан. Притоа ја нагласил потребата за зајакнато американско присуство во нашиот регион како силна гаранција за регионалната и европската безбедност.

Според МНР, соговорниците ги поздравиле билатералните односи меѓу САД и Северна Македонија базирани на стратешко партнерство и традиционално пријателство и изразиле заемна готовност за  нивно понатамошно надградување во периодот што следи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ