Во соопштението од средбата се вели дека министрите разговарале за европските перспективи на земјава, за развојот на економската и билатералната соработка и за мултилатералните форуми на заедничко делување, особено за соработката во ОБСЕ во фокусот на следното претседавање на Македонија со оваа организација во 2023 година.
Двајцата министри разменијле и мислења за ситуацијата во источниот дел на Украина, при што изразиле загриженост за ескалацијата на безбедносната состојба. Воедно, ја истакнале „недвосмислената поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите на Украина и повикаа на итна де-ескалација на состојбите“ и заклучиле дека е особено значајно за безбедноста во евроатлантската област е и координираниот пристап на НАТО и ЕУ кои се засноваат на еднакви вредности и еднаква определба за мир и безбедност во глобални рамки.






