понеделник, 15 декември 2025

Османи денеска во Брисел на состанок со министрите за надворешни работи на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Стратешката дискусија за интеграцијата на државите од Западен Балкан и руската агресија врз Украина се двете централни теми кој ќе ги опфати овој состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ. Советот најпрво ќе одржи стратешка дискусија за Западен Балкан, особено околу ангажманот на ЕУ за ублажување на влијанието на руската агресија врз Украина, а последователно министрите за надворешни работи на државите од ЕУ ќе имаат дискусија со министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан.

На маргини на Советот, Османи ќе оствари средби со генералната секретарка на Европската комисија, Илзе Јухансоне, како и со други високи претставници во Европскиот совет и Комисијата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ