Касами оцени дека и покрај тоа, тетовецот од тој ден почна да ја чувствува одблиску локалната власт и првпат сфати дека општината е негова и на граѓаните, а не на централната власт.
„Инсталирањето на нов демократски систем беше проследено со многу тешкотии и опструкции од страна на централната власт, која не сакаше да им даде власт на општините, кои веќе се обидуваа да управуваат со нивниот град”, рече Касами.

Касами ја нагласи потребата од целосна фискална децентрализација заради зајакнувањето на капацитетот на финансиски менаџмент на општините, оценувајќи дека и по 30 години тоа е проблем.
Градоначалникот изјави дека има уште една причина за славење:
„Заедно успеавме да го отстраниме од општината раководсвото кое осум години ги користеше граѓаните на Тетово и го остави градот во долгови и со уништена инфраструктура, игнорирани граѓани, со поставени антивредности во училиштата и другите локални институции“, рече Касами и вети дека ќе се работи заради вистинските вредности.
На седницата присуствуваа граѓани, претставници на Советот, претставници од образованието, културата, уметноста, спортот и од медиумите. Беа доделени признанија на истакнати личности од различни сфери во општеството, кои дале свој придонес за развој и афирмацијата на градот Тетово.






