Сул Хотла бил позната личност меѓу Албанците во карадачкиот крај. Роден е во Отља во Липковскиот крај во 1875 година. Според Википедија, за време на Првата светска војна како качак се борел против спрските воени сили.

По завршувањето на таа војна, со оглед на тоа што Македонија ѝ била вратена на Србија, тој повеќе пати бил затворан од страна на срспките власти, a соработувал со бугарското ВМРО. Во 1927 година бил избран за градоначалник на Матејче, кое било административно седиште на повеќе села. Со почетокот на Втората светска војна и бугарската окупација, бугарските власти го поставиле за началник на полицискиот оддел на Матејче. По поразот на бугарските сили Хотла станува водач на качачки одреди, новите власти организираат потерници по него. Фатен е на Пелистер во обид да замине за Грција. Осуден на смрт во 1947 година.
Сул Хотла не е прва улица која е преименувана во Општина Чаир, откако за тоа пред неколку години беше дадена согласност од страна на Советот на Град Скопје.
Како што изјави градоначалникот Висар Ганиу, станува збор за одлука за 66 улици во Чаир. Ганиу му одаде признание на неговиот претхопдник на првата функција во општината, Изет Меџити, затоа што го започнал, како што рече, процесот на преименување на улици според имиња на истакнати личности.







