понеделник, 22 декември 2025

Од РКЕ велат нафтени деривати има, од Макпетрол известуваат дека нема рестрикции

Објавено на

часот

Сподели

Дел од малите трговци ја ограничуваат понудата со што оставаат впечаток дека нема гориво и на тој начин си прават „залиха”, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство, посочуваат од РКЕ.

Од РКЕ нагласуваат дека во текот на денешниот ден добиле укажувања од поголем број потрошувачи дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите.

„Некои бензински пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите. За состојбата РКЕ го извести Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги засили контролите на терен кај трговците и да се оневозможи вакво непазарно однесување кое е недозволиво и забрането. Вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија“, додаваат од РКЕ. 

Макпетрол ги известува потрошувачите дека нема рестрикции и прекин во снабдувањето на гориво на нивните бензински пумпи и покрај фактот дека во овој момент компанијата работи со загуба. Компанијата апелира до потрошувачите да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини за да не ја загрозат општата безбедност на граѓаните.

„Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати. Има доволно резерви и кај трговците со деривати и во државните стокови резерви. Да не се прави паника кај граѓаните дека ќе има рестрикции на нафта и нафтени деривати, изјави министерот за економија Крешник Бектеши. 

Се создава вештачка паника кај граѓаните што може дополнително да направи штета и дисбаланс на пазарот, изјави Бектеши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ