„Од ове 120 лица, 20 го искористија нашиот апел да ја напуштат државата пред денот кога започна конфликтот. Во активна евакуација се 43 наши граѓани, што значи дека ги напуштиле живеалиштата и се на пат да излезат од Украина, а пред еден час седум граѓани ја напуштија државата, соопшти Османи.
Тој додаде дека има дел од наши граѓани кои ја напуштилe Украина, nа заминале во Полска и решиле да останат таму, со намера во прва прилика да се вратат повторно во Украина. Има и граѓани се само државјани на Македонија, а во земјава немаат ништо и кои решиле да останат или во Полска или во соседните земји.
„Минатата недела, МНР испрати дипломатска мисија во Украина со цел да ја олеснат евакуацијата на македонските граѓани. Околу 38 граѓани сè уште се во нивните живеалишта во Украина, од кои 11 во Киев, седум во Запорожје и 20 по другите градови“, рече Османи.
Во однос на повторното заминување на македонскиот амбасадор Крум Ефремов во Украина, министерот истакна дека неколку дена пред евакуацијата амбасадата се наоѓала во скривница поради бомбардирањето, поради што морале да бидат извлечени од Киев на побезбедно место во Украина.
Османи рече дека по нивната евакуација, повторно продолжил процесот на евакуација на македонските граѓани и дека сме една од ретките држави што повторно ја врати амбасадата во Украина, сè додека и последниот граѓанин не биде евакуиран од таму.






