среда, 17 декември 2025

Oд 10 мај ВМРО-ДПМНЕ најавува активна блокада на Собранието, протести, блокади…

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа на гостувањето на дневникот на ТВ Сител претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нагласи дека бидејќи Ковачевски нема слух за дијалог и соочување со македонскиот народ, па затоа тие ќе предложат активна блокада на македонското Собрание.

„Често пати кога се движам меѓу граѓаните ми го поставуваат прашањето што прави ВМРО? Што правите вие? Зошто молчите? Што е ова што се случува? Дури и има една таква перцепција еве ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори па се задоволи со тоа, а овие ја имаат централната власт, сите си се среќни и работите си се движат во таа насока. Но, не е така. Некој активно се труди да ја наметне тезата дека сите се исти. Ние сакаме активно да ја демантираме таа теза дека не се сите исти. И токму поради тоа сакам на утрешната седница на Извршниот комитет да излезам со првиот чекор, најверојатно тоа ќе биде некаква активна блокада на македонското Собрание. Кога велам активна блокада, мислам блокада на се што ќе биде таму со исклучок на закони кои што значат повисоки плати или некаква помош на граѓаните”, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ќе предложи на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ таа активна блокада да ја врши преку амандмани или преку активно говорење и на комисиските седници и на парламентарната седница. 

„Најсреќни би биле тие, би рекол инсталации на Спасовски кои провоцираат една таква дебата дека сите се исти, да ние го напуштиме Парламентот и да го бојкотираме. А, тогаш би поминало се. Буквално би поминало се и тогаш никој не би почувствувал дека нешто не е во ред во Македонија. А, дефинитивно не е во ред. Односно не знам што е во ред ниту на полето на економијата, образованието, здравството…”, појасни Мицкоски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавуваат бурна пролет со секојдневни протести, не само во Скопје, туку и во градовите каде локалната власт е освоена од опозицијата, блокади на сообраќајници, на раскрсници, на државни институции…

На овие најави веднаш реагираа од СДСМ кои велат дека деструктивноста на Христијан Мицкоски не познава граници, особено кога се во прашање неговиот личен и партискиот интерес.

Во услови на криза кога на граѓаните им треба функционално Собрание кое ќе носи закони во интерес токму на најважните, граѓаните, Мицкоски решава да го блокира. Очигледно решил по деструкција и пакост да го надмине и неговиот шеф Груевски. Или токму ова е насоката на Груевски којашто ја спроведува.

Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата се само дел од десетиците закони во интерес на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието.

Ништо друго и не се очекуваше од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тие продолжуваат во ист стил, со иста цел – блокада на државата.

Мицкоски не го блокира ниту СДСМ ниту Владата, туку на тој начин ги блокира решенијата за подобар живот на граѓаните.

СДСМ останува отворен за сите добронамерни конструктивни предлози, но ги осудува сите обиди за блокади и вештачки кризи заради лични и партиски интереси, во време кога се води секојдневна борба против последиците од кризита и за заштита на стандардот на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ