„На средбите со највисоките претставници на НАТО, ЕУ, Соединетите Американски Држави и со сите останати, ја потврдивме нашата определба за зачувување на безбедноста и стабилноста, како на регионот, така и во светски рамки.
Уште еднаш добивме едногласна и моќна поддршка од сите сојузници и затоа остануваме и понатаму силно посветени на евроинтеграциите, нашиот европски пат е трасиран и јасен.
Новиот пристап и енергија во разговорите со Софија беше препознаен како правилен и по него треба да продолжиме за конечно да ги надминеме разликите.
Интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија значи започнување на нова ера на економски напредок, стабилност и развој за нашите граѓани. Од овој пат не смееме да се откажеме“, изјави Ковачевски.






