среда, 10 декември 2025

Нови правила за влез на македонски граѓани во Грција и Холандија

Објавено на

часот

Сподели

Во најновата одлука за Република Грција се наведува дека влезот на патници од земјите – членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и од 33-те земји кои не се членки на ЕУ, а кои се приклучија на системот за дигитални сертификати ковид на Европската унија  (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), меѓу кои е и Македонија влезот е дозволен со прикажување на Европски дигитален сертификат, односно алтернативно според следниот редослед:

Сертификат за вакцинација: доколку имаат навршено најмалку 14 дена од вакцинацијата и не повеќе од 9 месеци по завршувањето на основната вакцинација или без временско ограничување за патниците кои ја примиле и третата доза, потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со методот ПЦР или по контрола со користење на брзи антиген тестови. Европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност трае до 180 дена по тестот; или негативни резултати од лабораториски тест со методот ПЦР спроведен во последните 72 часа пред нивното пристигнување во Грција или со брз антиген тест во рок од 24 часа пред пристигнувањето во Грција.

За влез во Холандија, пак, од утре важат нови правила за македонските граѓани. Министерството за здравство во Холандија ја класифицираше Македонија како „зона со многу висок ризик“, значи едно ниво повисоко од досегашното. За сите патници од Македонија кои патуваат за Холандија, ќе важи правилото за задолжителен  карантин, освен оние кои примиле трета доза вакцина најмалку седум дена пред патувањето во Холандија.

Останува обврската да се приложи и негативен ПЦР тест за не постар од 48 часа пред доаѓање или негативен антиген тест не постар од 24 часа пред поаѓање.

Од одење во карантин се ослободени и деца до 12 години, но сите патници мора да пополнат изјава за карантин, дури и ако не треба да одат во карантин.

Патниците можат да го прекинат карантинот доколку се тестираат на 5-от ден по пристигнувањето и резултатот од тестот е негативен.

Инаку, во Холандија не можат да влезат лица кои не се вакцинирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ