вторник, 16 декември 2025

Николоски: Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе расправа за следни чекори насочени кон власта

Објавено на

часот

Сподели

Во гостување во централниот дневник на телевизијата Сител Николоски оцени дека досегашната активна блокада на парламентот дава резултати бидејќи, како што рече, освен утврдениот дневен ред, владејачките партии не успеаја да го донесат ниеден закон.

„Успеавме да спречиме таканаречено автентично толкување на Закон за игри на среќа со што требаше да се овозможи воведување на втор оператор за игри за среќа. Ќе бидат отворен, интенцијата им е да се удоволи на ДУИ да се воведе тој втор оператор. Ионака државата има проблем со коцкањето, па замислете уште да им се овозможи уште позастапено коцкање. Се надевам дека уште утре премиерот ќе се јави и ќе разговараме за датум за предвремени избори и за формирање на четири тима во клучните области – финансии, проблемот со Бугарија, економија и образование со цел да пристапиме кон решавање на кризата“; рече Николоски.

Ако тоа не се случи, како што нагласи., ќе се оди со „потврди“ чекори. 

„Сите опции се на маса и се што дозволува демократијата“, рече потпретседатлот на ВМРО-ДПМНЕ.

 Николоски не ја исклучи можноста да се искористи и локалната власт, каде најзастапени се кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека за жал е лош односот на Владата кон локалната власт предводена од неговата партија.

Како пример ги посочи денешните протести на лозарите од тиквешијата кои се незадоволни од откупот на грозјето, при што Николоски негираше дека зад овие протести стои ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски се повика и на изјава на премиерот дека Македонија поради светската криза ја очекува тешка криза и нагласи дека е и тоа потврда дека треба да се размислува за следни чекори во интерес на државата.

„Изборите како избори нема да решат ништо ако веднаш не пристапиме да сториме нешто добро, пред се во финансиите и за проблемот со Бугарија заеднички, при што ќе ангажираме експерти“, рече Николоски.

На прашањето зошто се инсистира на избори во време на светска криза кога изборите може да го отежнат животот на граѓаните, Николоски рече дека од ВМРО-ДПМНЕ и не би инсистирало тврдо за прашањето за избори доколку се има силен капацитет во Владата.

„Се плашиме дека со овој капацитет ќе не чека катастрофална есен и зима. Да стоиме на страна во вака клучни моменти и да чекаме пролет како што некои ни велат дека ќе имаме повисок рејтинг, е неодговорно кон државата“, рече Николоски и додаде дека на Македонија ѝ е потребна Влада со силен легитимитет.

За проблемот на отворање на преговори со ЕУ, Николоски изрази сомневање дека причината е само Бугарија. Тој смета дека има и други членки на ЕУ кои Бугарија само ја посочуваат како изговор за недавањето датум за Македонија и Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ