„Јавно ги повикуваме сите членови, симпатизери на Алијанса за Албанците, како и сите граѓани на Тетово, без разлика на каква било припадност или партиски разлики, масовно да учествуваат на протестот што ќе биде организиран од граѓаните во вторник во 14 часот и поддржан од Движењето ‘Анти коцкање’. Овој протест и отпор кон девијантните појави е обврска за сите нас, за да спречиме деградирање и девијацијата на нашите деца и семејства“, рече Незири.
Тој информира дека во меѓувреме, пратениците на Алијанса за Албанците ќе ја продолжат институционалната битка за промена на Законот за коцкање.
„Во наредните денови ќе ги поднесеме нашите амандмани за отстранување на казината и обложувалниците и игрите на среќа надвор од населбите. Претходно ќе се сретнеме со лидерите на Движењето ‘Анти коцкање’, за да ги координираме нашите ставови и нивните барања и заедно со граѓаните да ја добиеме оваа многу витална битка за иднината на нашето општество. Доста се коцкаа со иднината на нашите деца! Време е да се обединиме и да се ослободиме од овие девијантни и фатални појави за општеството“, рече пратеникот Атнан Незири.






