сабота, 13 декември 2025
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во телевизиско гостување

Нема преговори и нема да има уставни измени во овој собраниски состав, рече Мицевски

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека потребно е да се разговара околу владеење на правото и справување со корупцијата и криминалот.

„Тоа е тема за која што ние исто така треба да разговараме затоа што владеењето на правото и корупцијата се нешто за кое што не мора некој од надвор да нѐ уверува дека се случува. Мерењето на јавното мислење укажува дека злоупотребата на владеење на правото, високата корупција излегува од редовите на власта. И тоа сите добро го знаеме. Да, треба да поработиме сите заедно, меѓутоа треба да поработи посебно владејачкото мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Владата на СДСМ и ДУИ се генератор на високата корупција во државата. И ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека на тој европски пат треба сите заедно да поработиме затоа што злоупотребата на европското знаменце и прекршување на обврските кои што ги имаме како држава во Спогодбата за стабилизација и асоцијација утре може да не блокира било која земја членка при евроинтеграции“, нагласи Мицевски.

Во однос на функционирањето на Собранието, Мицевски вели дека најголема одговорност за тоа што се случува во законодавниот дом има кај власта и како што посочи, одговорна власт кога не може да одржи функционалност, треба да оди на избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ