среда, 10 декември 2025

Не сме против да има премиер Албанец, но нема да го поддржиме предлогот на ДУИ, порача Мицкоски

Објавено на

часот

Сподели

Според него, има неколку начини како до предвремени парламентарни, а тие ја разработуваат стратегијата, како што рече, институционално и вонинституционално. Мицкоски најави дека ќе повикаат на општествена поддршка, затоа што, како што рече, тоа што го гледаме како јавно мислење треба да се преслика и на терен, а доколку не се преслика тогаш ние сме биле во заблуда.

„Ценам дека час поскоро, ако се одговорни и ако мислат добро на граѓаните и на Македонија дека треба да седнеме на една лидерска средба, да ги договориме правилата на играта и да одиме на предвремени парламентарни избор“, рече Мицкоски.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ планира протести во наредниот период, Мицкоски одговори потврдно посочувајќи дека она што е на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен

„Да, да, се планираме. Јас најавувам во вашата емисија дека ќе повикаме на општествена поддршка затоа што тоа што го гледаме на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен“, изјави Мицкоски.
Тој истакна дека добро е да има освежување и промени онаму каде што има слаби резултати, укажувајќи дека потребно е континуирано да се подобруваат.

„Ние повикавме на еден општ фронт, општествена поддршка, мобилизација на граѓаните, во тек се внатрешна лесна катарза во ВМРО-ДПМНЕ после локалните избори, определени, би рекол кадровски поместувања, најпрво во Извршниот комитет, сега во другите органи на партијата ќе има во Општинските комитети, и цениме дека тоа е добро и здраво и покрај тоа што имавме историски резултати и во првиот и во вториот круг. Добро е онаму каде што треба да има освежување да има освежување, онаму каде што има слаби резултати да се менува нештото, затоа што потребно е континуирано да се подобруваме“, потенцира Мицкоски.

Прашан дали за него ќе биде спорно изборот на Албанец премиер 100 дена пред избори и дали легитимитетот на тој премиер би бил спорен, Мицкоски нагласи дека ВМРО – ДПМНЕ има против предлог премиер од ДУИ.

„Нема да поддржиме премиер што ќе биде предлог на ДУИ“, беше дециден претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, додавајќи оти не се против да има премиер Албанец и потсети дека како решение го понудил Африм Гаши.

Прашан што ќе се случи ако има предвремени парламентарни избори и тие победат, и што ако ДУИ е победник во тој блок, дали ќе направат коалиција, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски потенцира дека правилото победник со победник одамна е прекршено и тоа правило треба да се зборави.

„Треба да видиме капацитетот на коалицирање програмски мислам, а второ да видиме дали ние можеме навистина да работиме во интерес на граѓаните и државата, а не во партискиот интерес“, рече Мицкоски.
Додаде дека во моментот се во коалиција со опозициските албански партии и е убеден дека тие партии ќе бидат идниот коалицискин партнер во владата што ќе ја предводи ВМРО – ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ