среда, 17 декември 2025

Не е време за предвремени избори, да се нормализира работата на Собранието, порачуваат од ЛДП

Објавено на

часот

Сподели

„Сега е неопходно целата енергија на политичарите да се насочи кон решавање на проблемите на граѓаните кои се предизвикани од економската и енергетската криза во Европа“, велат од партијата.
Според ЛДП, Владата има доволно капацитет и стручност да се справи со предизвиците и да одговори на потребите на граѓаните.
„Затоа бараме да се нормализира работата на Собранието, кое во овие моменти на криза треба да работи исклучиво во интерес на народот, а не за теснопартиските интереси на поединци или групации“, додаваат од ЛДП.

Партијата ја поздравува и историската одлука на Вселенската Патријаршија за признавање на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ