петок, 19 декември 2025

На Османи му било потврдено дека Берлин се ангажира Македонија да ги отвори преговорите со ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Со отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ЕУ ќе ја демонстрира својата геостратешка насока и следствено ќе ја зацврсти заедничката европска безбедносна архитектура“, изјавил по средбите министерот Османи.

Од соговорниците била добиена потврда за конзистентното германско ангажирање и поддржување на европскиот пат на Македонија со цел задржување на кредибилитетот на Европската Унија во регионот.

Во изјава од Берлин шефот на дипломатијата оцени дека ова е важна работна посета на Германија каде што разговарале за предизвиците наметнати од руската агресија во Украина и блокираната европска перспектива на регионот, како извор на системска ранливост.

„Ги нформирав германската Влада и германскиот Бундестаг за чекорите кои ги презеде Република Северна Македонија за да постигне стопостотна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ и со тоа покажа зрелост, но и доследност како партнер на Европската Унија, но и НАТО-член во регионот, а секако ја информирав Владата и парламентот за текот на разговорите со Република Бугарија. Притоа констатирајќи дека е време Република Бугарија да покаже стратешко лидерство со цел да се прекине овој токсичен круг на односи којшто се провлекува со години и остава трајни последици помеѓу граѓаните од двете страни на границата, а секако и ЕУ да презема стратешко лидерство кон регионот заради тоа што овие историски моменти го наметнуваат токму тоа“, изјави Османи.

За време на работната посета на Берлин, Османи, попладнево, ќе има средба и со државната министерка надлежна за Европа, Ана Лирман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ