среда, 10 декември 2025

На „Криволак“ завршни активности на здружената вежба на НАТО „Нептун страјк 22“

Објавено на

часот

Сподели

Вежбовните активности од двата воздухоплови „Ф-18″ од носачот на авиони на морнарицата на САД „Хари Труман” ќе се изведат во координација со воена копнена компонента со проверка на системот на навигациско водење со дејствување на копнени цели од воздух. Истите воздухопловни вежбовни активности над АП Криволак ќе бидат уште еднаш повторени во текот на утрешниот ден, информира Министерството за одбрана.

Од Министерството додаваат дека по целосната интеграција на државата во НАТО и вклучувањето во системот на Еар полисинг, со учеството на воени воздухоплови во вакви вежбовни активности се потврдува способноста за координирано учество во секаков вид здружени вежбовни активности на НАТО, интероперабилноста и способност за интегрирање на воздушниот систем за одбрана на НАТО земјите членки.

Во текот на изминатата 2021 година, од Министерството за одбрана потсетуваат дека над АП Криволак, во вежбовни активности од воздух учествуваше и авион „AC-130″ од состав на военото воздухопловство на САД во рамки на вежбата на специјалните сили на Армиите на САД и Македонија „Тројан Фотпринт21″.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ