среда, 10 декември 2025

На 17 април ќе се гласа за избор на градоначалници во Маврово – Ростуше и Центар Жупа

Објавено на

часот

Сподели

Во овие две општини минатата година не беше исполнет законскиот услов за излезност од најмалку 33 отсто од запишаните гласачи, поради што не беа избрани градоначалници. Со одлука на Владата привремено беше продолжен мандатот на актуелните градоначалници како владини повереници за Медат Куртовски од СДСМ во Маврово и Ростуше, а на Аријан Ибраин од Демократската партија на Турците во Центар Жупа.

И двете општини имаат огромен број печалбари, главно во Италија и во Германија, како и во други европски земји. Економската криза, ковид-пандемијата, стравот да не се загубат работните места и загрозената егзистенција, се наведуваат како главни причини што печалбарите не се вратија во своите села за да гласаат.

Градоначалникот на Општината Маврово-Ростуше Медат Куртовски тогаш беше песимист дека ќе се завршат изборите за градоначалник доколку гласаат само тие што се присутни во реканскиот крај.

Според неговата проценка, на гласање излегле околу 80 проценти од граѓаните кои биле присутни во селата, но дека поголемиот број од полнолетните се во странство заради заработувачка.

Пред пандемијата дијаспората доаѓала со автобуси на гласање и имало доволен број на гласачи за регуларен избор на нови локални власти.

Инаку, според податоците објавени од Државната изборна комисија, во Маврово и Ростуше во првиот круг на гласање излегле 31 процент од гласачите, а во Ценгтар Жупа 25,6 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ