понеделник, 22 декември 2025

МВР се пофали дека се набавени 8.000 нови виндјакни за полицајците

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението во кое се информира дека се набавени тие 8.000 парчиња, како што се нагласува, нови виндјакни, се истакнува дека откако за министер во 2017 година е дојден Оливер Спасовски решително се подобрува ефикасноста во работењето на полицијата.

„Одлучни сме„да продолжиме и во 2022 година со системското и посветено подобрување на работната средина на полицијата во насока на унапредување на перформансите во борбата против криминалот, подобрување на сообраќајната, но и целокупната безбедност на сите граѓани во нашата држава“, пишува во соопштението.

Притоа се нагласува дека се продолжува со грижата кон остварување на правата на вработените: „Ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови во претходната година, а наскоро ќе биде исплатена и бонус платата за 2021 година, додека со Буџетот на МВР за 2022 година, обезбедивме средства за зголемувања на платата за 5% на сите вработени во МВР во септември 2022 година“.

Покрај набавката на новите виндјакни се истакнува дека во изминатиот период се обезбедени и поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици.

„Се модернизира возниот парк, специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, а само од јули 2021 година до крајот на 2021 обезбедивме 10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата, 2.330 парчиња флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни одела за кујни, 34 парчиња воздухопловни јакни, 19 парчиња воздухопловни комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони, како дел од униформа за воздухопловен персонал, по 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 парчиња ‘поло’ маици, 10.000 рала полувисоки чевли“, велат од МВР.

Со новата стратегиска поставеност откако министер е Спасовски, односно, како што се наведува, во периодот од 1 јуни 2017 до 18 јануари годинава биле реализирани инвестиции во униформи во вредност од безмалку 10 милиони евра.

„Така, реконструиравме и саниравме 70 објекти на МВР на територијата на целата држава, трансформирани и на енергетски план, со нови системи за ладење и греење, промена на прозорци и врати, подови и кровови, нови термоизолациски фасади, со што директно овозможуваме заштеди во буџетот, ги намалуваме емисиите на штетни гасови, придонесуваме кон заштита на животната средина. Во моментов, интензивната градежна офанзива е во тек на уште 7 објекти, и тоа: ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, со тоа што прв ќе биде промовиран објектот на Единицата за внатрешни работи Карпош, како 71 реконструиран објект“, пишува во соопштението на МВР за набавката на новите виндјакни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ