„Секој предмет преземен од СЈО е политизиран и отвора сомнеж за мотивите. Јас мислам дека се работи за дефокус на јавноста од тоа што се случува во државата. Дефокусот е од фактот што никој не зборува за купувањето на Соравиа од 24 годишно момче, од тендерот за надзор на Кородирот 8, или што за членови на Владата се дава поволно земјиште за купување“, рече Муцунски.
Како правник ќе потсетам дека главната обвинителка на СЈО беше извор на корупција и тоа е аргумент дека секој случај може да е коруптиран од тоа обвинителство.
„Седум години се водеше предистрага, зошто токму сега се излегува со тој случај?“, праша Муцунски.
Граѓаните би верувале ако случајот за кој се тврди дека има криминал би бил воден од независна иснтитуција, рече Муцунски.
Тој нагласи дека и од меѓународната заедница се даваат изјави дека има големи проблеми во правосудниот систем и тоа е уште еден доказ дека овде политиката е многу присутна и дека судството и обвинителството се под влијание на ДУИ и СДСМ.
14 Македонци и еден Италјанец како и седум фирми од кои 4 македонски и три италијански, се дел од осомничените во истрагата, меѓу кои покрај Тодоровиќ и Здравев е и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, како и поранешниот премиер, недостапниот Никола Груевски како првообвинет, ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска, како и некогашната градоначалничка на Центар, Виолета Аларова.
Според истрагата, осмничените се товарат за испумпување на над 57 милиони евра, односно перење на пари во износ од 16 милиони евра за 11 споменици од проектот познат како Скопје 2014.






