„Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор“, се вели во денешната реакција од МНР.
Денеска МКД.мк објави дека предлогот на македонската влада амбасадорка во ЕУ да биде Теута Арифи не го поминал филтерот во Брисел. МНР не ги демантираше информациите објавени во март во повеќе медиуми за предлогот Арифи да биде амбасадорка во Брисел, заедно со предлозите за македонски амбасадори во Вашингтон и Париз, Зоран Попов и Виктор Димовски.






