понеделник, 22 декември 2025

МНР: Русија грубо го крши меѓународното право и ќе биде целосно одговорна за последиците

Објавено на

часот

Сподели

„Северна Македонија, во сојузништво со останатите НАТО земји – членки, се приклучува на повикот кон Русија веднаш да ги прекине непријателствата, да ја повлече војската од Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

Ваквите дејствија неминовно ќе водат кон бројни човечки жртви, со далекусежни последици по светскиот мир, светската економија и развој, за што целосна одговорност ќе има Русија и официјална Москва.

Со оглед на сериозноста на ситуацијата и длабочината на повредата на меѓународниот поредок заснован на правила, денеска, Северна Македонија направи политички исчекор со донесувањето на одлука да се приклучи кон новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина, со препорака за придружувањето кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки“, соопшти МНР.

Како што се наведува во соопштението, на предлог на МНР Владата донесе одлука и за придружување на преостанатиот сет рестриктивни мерки од 2014 година, поврзани со досегашните санкции на ЕУ кон Руската Федерација, со што Македонија во целост или 100% ќе се прилагоди на Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Овие одлуки се во согласност со Евроатлантската определба на земјава и се во согласност со нејзините стратешки и државни интереси.

„На сите државјани на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои се наоѓаат во кризни региони во Украина и кои ќе побараат привремена заштита и сместување, а немаат свое сместување во Северна Македонија, МНР во координација со Министерството за труд и социјална политика ќе им овозможи привремено сместување во капацитети кои ќе ги обезбеди државата“, велат од МНР и апелираат граѓаните да ги следат официјалните информации од институциите со цел спречување на негативните ефекти од лажните вести и создавање паника во врска со безбедносната или економската состојба.

Инаку, Министерството за надворешни работи одблиску ги следи состојбите и е во постојан контакт со нашата Амбасада во Киев и ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес за заштита на нашите државјани во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ