Од МНР соопштија дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сѐ уште на украинска територија, заедно со членови на нивни семејства, украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори.
„Нивното движење постојано го следиме сѐ до нивното напуштање на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава”, велат од МНР.
Исто така, информираат дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато, се одвива по споредни рути кои се преполни, па движењето е бавно.
Од МНР напоменуваат дека продолжуваат одблиску да ја следат состојбата и за секоја нова промена соодветно ќе ја информираат јавноста.






