среда, 18 март 2026

МНР: Македонските државјани итно да ја напуштат Украина

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за надворешни работи укажува дека одблиску се следат состојбите, но и дека постои постојана комуникација со партнерите и сојузници со кои на дневна основа се разменуваат информации и анализи за актуелните состојби.

Во соопштението се потсетува и на претходните повици кон оние граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во Амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:

+380442877882

+380663951190

Maкедонските државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и на е-меил адресата: [email protected]

„Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или каде било, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани“, се вели во соопштението на МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ