Од МНР ги потсетуваат граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви:
+380442877882; +380663951190 и на мејлот: [email protected]
Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната мејл адреса: [email protected]
„Воедно ги потсетуваме сите наши граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или каде било, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев“, се наведува во соопштението од МНР.
Во него се додава дека МНР ќе продолжи да ги следи состојбите во Украина и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.






