понеделник, 22 декември 2025

MMДЧП пред Европскиот суд за човекови права почнува постапки за ослободување на македонските политички затвореници

Објавено на

часот

Сподели

Според ММДЧП, првиот процес е почнат како привремена мерка со итно дејство – механизам кој Европскиот суд за човекови права го користи за да се бори против опресивните режими кои намерно им ускратуваат медицинска помош на затвореници на кои таа им е итно потребна. Политичкиот затвореник за кого се однесува овој процес мора веднаш да се оперира но, и покрај тоа што потребата е очигледна, и што се доставени сите потребни медицински документи, упорно се одбиваат бројни барања и жалби до повеќе судови, велат од ММДЧП.
„Вториот процес во кој постапката веќе е почната се однесува на истиот политички затвореник и во него се бара итно ослободување врз основа на следните членови: член 3 на Европската конвенција за човекови права за забрана за мачење, член 5 за правото на слобода и безбедност, член 10 – слобода на изразување, член 13 за правото на реална жалба и член 14 – забрана на дискриминација.

Политичкиот затвореник од овие два процеси побара да не биде именуван од страна на ММДЧП, од страв дека ќе се изложи на дополнителни притисоци против него и против неговото семејство.

Почнуваме процеси и за други политички затвореници“, се вели во соопштението на ММДЧП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ