Митева рече дека нема унифицираност на наставата и во средношколското образование, затоа што неколку средни училишта продолжиле со онлајн настава, иако сите други работат со физичко присуство.
Министерството треба да одговори и на прашањето дали го следи незаконското постапување на Државниот испитен центар и зошто молчи кога веќе неколку месеци не се организираат испитите за назначување на раководни кадри во образованието, рече Митева и го постави и прашањето дали повторно со ваквиот однос се докажува дека за оваа власт политиката е длабоко вкоренета во образованието.
Според портпаролката, потврда дека образованието е на последно место на приоритети на оваа влада се виде и од Шангајската листа каде УКИМ се најде на 1.944-тото место, што е пад за 27 места споредено со минатата година. ж
„УКИМ е на листата позади Белград, кој е во првите 500 универзитети, позади Загреб, Љубљана и бројни други факултети од регионот. Што се случува, има ли УКИМ воопшто ректор и ќе понесе ли некој одговорност? Образованието е столб на државата и образованието е тоа кое обезбедува просперитет. За жал на оваа влада на СДСМ И ДУИ тоа ништо не им значи, низата на лоши политики во образованието никако да запрат“; рече Митева.






